Во категоријата даноци на имот спаѓаат:

Данок на имот

Тука спаѓа оданочувањето на недвижниот имот на физички и правни лица (станбени згради и станови, деловни згради и простории, станбени згради и станови за одмор и закрепнување) и одделни видови движен имот (моторни возила, пловни објекти, воздухоплови и др.). Поседувањето недвижен и движен имот претставува израз на економска сила и на даночна способност за плаќање на овој вид данок.

Данок на наследство и подароци

Предмет на оданочување е имотот (движен и недвижен) или наследната маса што ce наследува од наследниците според определен наследен ред, односно имотот (движен и недвижен) што ce прима како подарок.

Данок на имот на недвижности и права

Иако има својство на посреден данок, спаѓа во групата на даноци на имот. Ce оданочува секој промет (купопродажба) на недвижности, односно секој пренос на сопственоста, без оглед дали ce оптоварува со овој вид данок купувачот или продавачот, физичко или правно лице.