Економски санкции се казнени мерки што во согласност со важечките законски мерки и други прописи. Овие мерки ce применуваат во случај на неизвршување на преземени обврски, неизвршување договори,
пречекорување допуштени граници на дејствување, неуредно финансиско и кредитно работење итн.

Во економски санкции спаѓаат: казнени камати, пенали, блокада на сметки и слично.

Во областа на меѓународните економски односи, тоа ce мерки што ги применуваат одделни држави, група држави или меѓународни организации против земји што не ги почитуваат меѓународните спогодби или прибегнуваат кон агресија.

Најчесто ce применува делумен или целосен прекин на економските односи.