Под поимот имплицитни трошоци се подразбираат трошоци надвор од трошоците што сметководството ги прикажува во деловните книги на претпријатието во пари. Од економско гледиште ce опфаќаат сите трошоци, како оние што ce прикажуваат во сметководството во пари, така и оние што не ce прикажуваат, a ce подразбираат.

Според тоа вкупните или реалните трошоци ce поголеми од сметководствените. На пример,сметководството на претпријатието не ги вклучува трошоците од штетата што настанува со загадување на околината.

Меѓутоа, од економско гледиште тоа ce трошоци за стопанството или општеството, кои ce подразбираат и треба да ce земат предвид во вкупните трошоци. Втор пример ce трошоците во пари што ce сврзани со
студирањето на студентот (школарина, станарина, исхрана и др. ) ce еден дел од вкупните (вистинските) трошоци.

Во вториот дел ce подразбира и изгубената заработувачка што би ja добил студентот кога би работел.
Така, вкупните реални трошоци ги опфаќаат двата дела. Во пресметувањето на стапките на приносот од разните степени на образование, во именителот на дропката ce ставаат вкупните (т. е. реалните) трошоци.
Разликата меѓу паричните трошоци и вистинските економски трошоци во економската теорија ce наречени уште опортунитетни трошоци.