Фото: Pixabay

Incoterms е кратенка од International commercial terms, што означува меѓународни правила и термини со коишто се уредуваат правно – економските односи меѓу купувачот и продавачот во меѓународната трговија. Според овие правила се гледа преносот на ризикот и трошоците при испорака на трошоци од едната на другата страна.

Правилата ги објавила Меѓународната трговска комора во 1936 година под називот Incoterms 1936. Новите Incoterms правила се очекува да се прикажат во последниот квартал од 2019 година, а ќе стапат на сила од први јануари 2020 година.

Последното издание Incoterms 2010 е со 11 правила, односно две помалку во однос на Incoterms 2000.

За сите видови на превоз:

EXW – Ex works – франко фабрика

FCA – free carrier – франко превозник

CPT – carriage paid to – возарина платена до…

CIP – carriage and insurance paid to – возарина и осигурување платени до…

DAT – delivered at terminal – испорачано до терминал

DAP – delivered at place – испорачано до место

DDP – delivered duty paid – испорачано и платена царина

Превоз по морски пат и по внатрешни пловни патишта

FAS – free alongside ship – франко покрај брод

FOB – free on board – франко брод

CFR – cost and freight – трошоци и возарина

CIF – cost, insurance and freight – трошоци, осигурување и возарина