Фото: Pexels

Издатоци претставуваат одлив на парични средства, односно исплата на стопанскиот субјект по разни основи.

Според својата природа издатоците можат да ce групираат во две основни групи: Издатоци што ce сврзани со изведувањето на репродукцијата и тие претставуваат трошоци (издатоци, односно трошоци сврзани со набавка на материјали и купени готови делови; издатоци за исплата на личните доходи /платите/ за исплата на туѓи услуги итн.);

Издатоци што ce однесуваат на обврските на стопанскиот субјект и не влегуваат во трошоци (издатоци за измирување на обврските кон општествената заедница – даноци, придонеси; издатоци сврзани со измирувањето на обврските по основ на кредитни односи – камати, ануитети; должничко–доверителни и други деловни односи итн. ).

Според тоа, издатоците ce поширок поим од трошоците. Трошоците претставуваат вложување заради производство, па ce пренесуваат врз производот и ce враќаат со реализацијата на производот. Наспроти тоа, другата група претставуваат неповратни издатоци.