Поделбата на трошоците на краткорочни и долгорочни е извршена со оглед на можностите за приспособување на големината на претпријатието, обемот и видот на производството во текот на времето.

Краткорочни трошоци

Кога трошоците ce гледаат на краток рок, тогаш тие ce делат на фиксни и варијабилни . Според тоа, поделбата на трошоците на фиксни и варијабилни е истоветна со краткорочниот третман на трошоците. За краток рок стопанската организација, со дадената маса основни средства, не може брзо да изврши радикални промени во условите за стопанисување. Поради тоа, за определено кусо време, некои трошоци добиваат карактер на фиксни трошоци, a други карактер на варијабилни.

Долгорочни трошоци

Долгорочните трошоци ce во врска со долгорочно гледање на трошоците на претпријатието. На долг рок
сите фактори можат да ce приспособуваат со цел минимизирање на трошоците. Во долг рок (што ce состои од повеќе куси периоди) нема фиксни трошоци, туку сите трошоци ce варијабилни. Во долг рок и опремата, како и другите фактори, добива варијабилен карактер, бидејќи рокот е доволно долг за да може да ce измени опремата, кадрите итн. со цел приспособување кон новите услови за стопанисување.