Фото: Pixabay

Корисниците на едни од најпопуларните социјални мрежи во светот, Facebook и Instagram, се соочија со проблем при нивно користење. Дел од корисниците воопшто немаа пристап до овие мрежи, а некои имаа проблеми при обид да постават слика, да објават статус или да прочитаат или испратат порака, пишува Independent.

“Свесни сме дека некои корисници имаа проблеми со пристап до апликации од семејството на Facebook. Работиме на тоа проблемот да биде што е можно побрзо решен“, стои на официјалниот Twitter профил на Facebook.

Оттаму велат дека можат да потврдат дека проблемот не е поврзан со DDoS напад. DDoS е кратенка од denial of service attack и претставува сајбер напад, со којшто одредени интернет услуги стануваат привремено или трајно недостапни за корисниците.

И од Instagram се огласија дека нивните корисниците имаат проблем со нивната мрежа и дека работат на отстранување на пречките, а подоцна на нивниот официјален Twitter профил најавија дека “се враќаат“.