Тековни цени се цените што ce формираат при купопродажбата на стоките во различни временски периоди врз основа на односите меѓу понудата и побарувачката и мерките на општествено – економската политика.

Врз основа на тековните цени ce пресметува номиналната големина на вкупниот приход и доход, односно добивка на ниво на стопанска организација и номиналната големина на бруто општествениот производ, општествениот производ и националниот доход на ниво на општествена заедница.

Заради согледување на движењата на цените и правење определени споредби за одредени периоди, од тековните цени ce изведуваат просечни цени.

Тековните цени ce менуваат. Co нив не може реално да ce следи движењето и споредувањето на економските големини. Затоа тековните цени ce претвораат во постојани цени според некоја година што ce
зема за основа.