Транспортни трошоци се трошоци што ce додаваат на трошоците на производството на стоки што ce пренесуваат, односно превезуваат од едно место до друго. Тие ce манифестираат како дополнителни трошоци на производството и претставуваат составен дел на вкупните трошоци на производството на стоките.

Тоа доаѓа оттаму што транспортниот процес ce јавува како продолжување на процесот на производство, што ce врши во рамките на прометниот процес. Транспортните трошоци имаат една специфична разлика во споредба со другите трошоци на производството. Таа се огледува во нивната дегресија во однос на далечината на превозот.

Соодветно на тоа, вкупните трошоци на превозот, што го сочинуваат збирот на почетно – завршните и трошоците на должината на патот за превоз, ce однесуваат дегресивно во однос на далечината на превозот.

Степенот на дегресијата на трошоците е различен кај одделните сообраќајни гранки, во зависност од односот на почетно – завршните трошоци и трошоците на должината на патот за превоз.