Фото: Pixabay

Како да се постапи по кавга на работното место? Иако расправии не треба да бидат пракса во работните организации понекогаш едноставно не можат да се заобиколат. Сепак, клучно е што да се направи по настанатиот конфликт.

Експертите советуваат да не ги потиснуваме емоциите од причина што тоа може да има далеку полош ефект потоа. Од една смирена личност да се претвориме во нешто сосема спротивно и да си го нарушиме угледот и довербата кај останатите.

Еве три паметни потези:

Извинете се

Искрено извинување е добар почекот. Извинете се за зголемениот тон на гласот и останатото што сте го кажале во афект. Сте биле вознемирени и не сте можеле да се контролирате во моментот.

Покажете благодарност

Иако се случила расправија, можете да ја подобрите моменталната ситуација доколку речете нешто како “Благодарам што ме сослуша иако се однесував недолично/лошо“, или “Благодарам за тоа што ми даде конструктивен одговор и покрај целата кавга“… Потрудете се да ја најдете вистинската причина за изразување на благодарност во зависност од околностите во коишто сте се нашле.

Отворена покана

Добро е после конфликтна ситуација со колега или колешка да дадете до знаење дека сакате да ја исправите ситуацијата и дека сте тука за да го продолжите разговорот со смирен тон и ладна глава. Без разлика за што била расправијата. направете напор да го надминете проблемот со тоа што ќе иницирате помирувачки разговор.