Фото: Pixabay

Зборот конвертибилност значи преобратување, претворање, променливост.

Во економскиот речник подразбира замена, слободно менување на националната валута со друга валута или со злато. Исто така, подразбира и можност на слободна замена на хартиени пари со племенит метал, односно за пара од племенит метал со иста номинална вредност.

Сепак, најчеста дефиниција за конвертибилност во економијата е замена на домашни пари за која и да е странска валута, по тековен девизен курс, без ограничување.

Постоја неколку видови конвертибилности:

  • Според значењето на аранжманот/размена од аспект на носителот на валута во однос на целите за коишто локалната валута се заменува со странски географска точка на примена во однос на други ограничувања
  • Според критериумите на носителот на девизи. Во овој случај се разликуваат внатрешна и надворешна конвертибилност.

Со исполнувањето на сите обврски од член 8 од Статутот на ММФ, валутата е конвертибилна во сите тековни трансакции со странски држави, односно нејзината размена е можна за сите светски валути.