Фото: Clear Channel 

Рекламната агенција од Шведска, Clear Channel, започна кампања за згрижување на бездомни лица, со цел да им помогне да најдат засолниште во студените зимски месеци. Кампањата е наречена Оut of home (OOH) и е заложба на градот Стокхолм да се реши овој проблем барем кога е најпотребно, пишува Designboom.

За таа цел, Clear Channel на веќе постоечки билборди, кога температурите ќе паднат под минус седум степени Целзиусови, прикажува насоки каде што можат да се најдат засолништа за бездомните лица. Вкупно 53 билборди ја сменија вообичаената комерцијална содржина со нешто од похуман карактер.

Кога температурата ќе биде повисока, билбордот прикажува информации како луѓето можат да им помогнат на оние на кои најмногу им треба помош, донирање на храна, ќебиња, облека и слично.