Фото: eRoad Arlanda

Главниот град на Шведска, Стокхолм го доби првиот електрифициран пат во светот што ги полни електричните возила, пишува The Guardian.

Станува збор за пат долг два километри во близина на аеродромот Arlanda во Стокхолм. Системот работи на тој начин што подземните “полначи“ ги снабдуваат автомобилите и камионите со електрична енергија додека возат по патеката, а истата е сосема безбедна и за одење пеш. Струјата се наоѓа на 5-6 сантиметри под земјата што значи дека и ако некој оди бос нема да ја осети.

Оваа технологија им за цел да ги реши проблемите со полнењето на електричните автомобили, како и да помогне во заложбата на земјата да се ослободи од користење на фосилни горива до 2030 година.

Шведска планира да ја прошири е-мрежата на патишта низ целата земја, како дел од поголем план за изградба на електрифицирани патишта низ цела Европа.

Моментално конструкција на еден километар од ваква е-патека чини еден милион евра.