Фото: Pixabay

Германскиот автомобилски производител Volkswagen планира изградба на нова фабрика за производство на автомобилите Skoda надвор од Чешка, а како потенцијални места се наведуваат Бугарија и Турција, пренесува Труд.бг.

Една од главните причини поради којашто се врши проширување на производството на овој автомобил надвор од Чешка е тоа што во земјата веќе нема доволно персонал.

Во оваа земја се произведуваат околу 1,23 милиони автомобили, но брендот се развива во добра насока, а очекувањата се дека продажбата ќе продолжи да расте благодарение на новите SUV возила, како и производството на електрични автомобили.