Фото: Pixabay

Понекогаш и не сме свесни од каде сè доаѓа стресот. Постојат и скриени извори што навидум делуваат вообичаено, а сепак не е тоа така. Што треба да се превземе во тој случај?

Баланс

На работа заборавете на проблемите што ги имате дома и фокусирајте се исклучиво на работните задачи. Кога сте на работа работете, кога сте дома посветете се на семејството, пријателите.

Распределба на време

Доколку сметате дека сте претрупани со задачи и дека е невозможно да ги завршите сите обврски на време, известете ги вашите надредени во што е проблемот. Поголемиот дел од луѓето трошат и до четири часови размислувајки за работата надвор од работното време.

“Исклучување“

Буквално “исклучете се“ кога ќе завршите со работното времe. Мејловите нека останат за следниот ден, Не предизвикувајте дополнителна напнатост со нивна проверка. Пожелно би било и деловните повици да ги одложите за предвиденото време.

“Полни батерии“

Работата е работа, а слободното време е предвидено за одмор и активности по ваша желба . Затоа искористете го на начин што ќе ви помогне да ги наполните батериите.