Фото:  Sleepytroll

Sleepytroll е уред што му помага на бебето подобро да спие. Вградените сензори детектираат движења и звуци кај бебињата пред да се разбудат и уредот автоматски почнува да ја ниша количката.

Интензитетот и начинот на којшто Sleepytroll ја придвижува количката може да се контролира преку копчиња. Ова овозможува уредот да се прилагоди на различните навики кај секое бебе. Неговиот флексибилен дизајн овозможува да се прикачи на секој тип на количка.

Кога е активиран Sleepytroll го ниша бебето три минути и потоа автоматски се исклучува, односно “заспива“. Уредот, исто така, може да се користи и рачно без да се поврзе со сензорите. На тој начин го ниша бебето 30 минути пред да се исклучи. Креиран е од норвешкото дизајнерско студио Abry & Kavanagh, освојувач на многу награди за индустриски дизајн.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 2.594 долари, а потребни се  29.947 долари. Првите испораки се очекуваат во јануари 2019 година.