Фото: Pixabay

Минатата година стартапите од Словенија собрале рекордни 140 милиони долари, пишува Lider media.Трендот на раст се очекува да продолжи и оваа година, со оглед на тоа што во првиот квартал веќе се инвестирани 40 милиони долари.

За овој позитивен тренд, во најголем дел, заслужни се компаниите коишто лани на првата јавна понуда привлекле 80 милиони евра. Најмногу пари од инвеститорите привлекол стартапот Origintrail (22 милиони долари), додека 15 милиони долари добиле стартапите Layer, Celtra и Tokens.

Најголем дел од собраниот капитал се уште доаѓа од странство. Така, 34 милиони долари се инвестирани од САД, 11,5 милиони долари од државите во ЕУ, додека само 4% од собраните пари се од Словенија.

Од 2005 година до денес, словенските стартапи собрале повеќе од пола милијарда долари.