SmartRuler е мултифункционален линијар во форма на кредитна картичка, кој го собира во паричник.

Освен за мерење на инчи и сантиметри, овој линијар може да се користи и за отворање на шише, за отворање на кутии, за потпирање на телефонот, како држач за слушалки, итн.

SmartRuler се изработува од 3 различни материјали и тоа: од нерѓосувачки челик, алуминиум и титаниум, а исто така е достапен и во 6 различни бои: бела, црна, сина, црвена, сива и темно розева.

Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Мајами, Флорида и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 6.180 долари од потребните 5.000 долари, а кампњата трае уште 42 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.

Фото: Kickstarter