Фото: Pixabay

Американската компанија за превоз на патници, Uber на жителите на Мумбај ќе им ја овозможат услугата Uber Boat, со цел да се намали сообраќајниот метеж, пишува CNN.

Жителите на овој индиски град ќе може да резервираат моторни чамци на три дестинации во градот. Возењето со брод за шест патници чини 80 долари, додека за осум патници ќе чини 132 долари.

Uber Boat како услуга веќе се користи во Хрватска и Турција, а повремено ја користеа жители на повеќе градови: Балтимор, Бостон, Каиро, Киев и Кан, за време на филмскиот фестивал.