Неодамна во Белград  беше претставен софтверот Дактилограф којшто во реално време автоматски го претвара говорот на јужнословенските јазици во текст, пишува SeeBiz.
Оваа програма на истоимениот белградски старт-ап Дактилограф сè уште е во фаза на функционален прототип, но на демонстрацијата успешно ги транскрибирал српскиот, хрватскиот, босанскиот и црногосрскиот јазик.

Главната предност на овој софтвер е што не се потпира на системот речник, односно на ограничен број на зборови, туку зборовите ги набљудува како звучни синали, ги разделува и претвара во пишан текст. На овој начин долготрајното и здодевно чукање по тастаурата, кое многупати и ја убива креативноста, значително ќе ја подобри работата на новинарите кои отсега ќе можат од терен, во реално време да испратат говорно транскрипти, објаснуваат креаторите.

Овој софтевер е наменет, пред сè за медиумите, меѓутоа ќе најде своја примена и во судовите, општините и другите јавни органи, како и во институции и компании кои имаат секојдневна потреба за пишување текстови.

Софтверот ќе се најде на пазарот до крајот на годината, и според најавите ќе биде збогатен со неколку апликации.

Засега Дактилограф веќе има потпишано и преддоговор за користење на работната верзија на софтверот со подгорички Вести и црногорскиот центар за стручно образование.

Фото: Pixabay