Германскиот старт ап Sono Motors неодамна ги изврши последните тестирања на системот за полнење на својот изум, Sion, целосно електрично соларно возило кое се полни додека возите, пишува Reuters.

Малата минхенска компанија којашто е основана во 2016 година, разви целосно електрично возило со соларни ќелии коишто се интегрирани во неговата каросерија. Така тоа може да се полни преку соларна енергија, но и преку конвенционалните полначи што ги напојуваат другите електрични автомобили.

Sion ќе има 330 соларни ќелии поврзани со покривот, хаубата и страничните делови на возилото, а со едно полнење ќе може да се поминат околу 250 километри. Исто така автомобилот ќе има и грејачи за седишта, климатизација, како има голем инфозабавен систем со којшто ќе може да се поврзе и паметен телефон.

Производството на автомобилите ќе стартува во втората половина на 2019 година, а компанијата веќе има преку 5.000 нарачки.

Цената на автомобилот ќе биде околу 16.000 евра.

Фото: SonoMotors