Фото: Kickstarter

Somewear го поврзува телефонот со интернет преку сателит, каде и да се наоѓа корисникот. Уредот има и копче за помош, кое што алармира за помош доколку корисникот е во неволја.

Со Somewear може да се симнуваат мапи од интернет, а исто така, ги покажува и временските услови за средината во којашто се наоѓа корисникот. Идеален е за оние со авантуристички дух, како планинари и љубители на екстремни спортови.

Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Сан Франциско, Калифорнија. Со помош на апликација корисникот може да зборува или да праќа пораки со било кој од листата на контакти.

Производот има своја кампања на Kickstarter и досега има собрано 100.394 илјади долари од потребните 50.000 долари, а кампањата трае уште 13 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.