pexels-photo-196652

Фото: Pexels

Славните пејачи и музичари, може да ги научат бизнис лидерите неколку прилично добри лекции.

Испробувајте нови работи

Од музичарите може да се научи што значи да се ризикува и да се излезе од комфорната зона за да се испробаат нови работи. Токму со нив може да се поистоветуваат лидерите кои ја напуштиле својата комфорна зона и презеле ризик за да започнат нешто ново.

Прифатете ги новите бизнис модели

Порано музичарите најмногу заработувале од продажба на албуми и цд-а, но денес со интернетот, музиката е лесно достапна и до неа може да се дојде незаконски. Па, затоа, музичарите се свртеа кон концерти и турнеи од кои најмногу заработуваат во денешницата.

И во бизнис светот, моделите на заработка се менуваат поради интернетот, а бизнис лидерите, треба да се прилагодат на промените и да ги прифатат. Најдобар пример за ова е Amazon којшто почна како интернет книжарница, па подоцна го прошири својот асортиман и уреди ширум светот.

Научете да инспирирате

Светски познатите бендови имаат свои фанови кои секогаш им доаѓаат на концерт, бидејки нивната музика ги инспирира. Таква силна врска може да воспоставите и вие со вашите вработени. Добриот ментор кој ги почитува своите вработени има лојални работници кои ќе останат во компанијата и ќе дадат сè од себе.

Слушајте активно

Без разлика дали во музиката ви се поважни нотите или текстот, активното слушање го подобрува целокупното искуство. Исто така, треба да го слушате вашиот тим, бидејки тоа е тоа што ве прави добар и успешен лидер. Освен тоа конверзацијата треба да биде што повеќе во живо, а не преку е-маил. А, доколку вистински слушате, може и да се изненадите од она што ќе го научите.

Не и судете на “книгата” според корицата

Не мора да значи дека ако некоја песна или вид на музика не ви се допаѓа, дека таа е лоша. Исто е и во бизнисот. Кога правите интервју на пример, не го формирајте вашето мислење за личноста, врз база на она што стои во CV-то. Можеби, не можела да ги истакне сите свои способности, бидејки била принудена да работи секакви работи за да преживее и едноставно во моментот немала друг избор. Од друга страна, може да ве инспирира личност која работела во голема и успешна компанија, но нема да се вклопи во вашиот тим. Затоа, гледајте малку под површината и дајте ѝ можност на личноста да се докаже.