Фото: Pixabay

Викендот е зад нас, па сега е вистинско време да ја започнеме работната недела онака како што посакуваме. Доколку сакате работите да одат по ваша мерка, неопходен е совршен план.

Проверете си го календарот

Секој работен ден би требало да започне со оваа активности, но посебно е важно календарот да ви биде при рака секој понеделник. Ова е важна активност за да можете да ги организирате сите активности, состаноци, средби со клиенти, соработници, службени патувања… Така ќе бидете сигурни дека сето она што сте го ветиле или зацртале, ќе можете полесно да го остварите.

To do листа

Многу важна листа што може да биде во пишана и електронска форма. Најмалку е важна форма, бидејќи она што ве носи на патот кон успехот е нејзината содржина. Преку нејзе ќе имате детален преглед на сите задачи што треба да ги завршите, обврски што треба да ги исполните и рокови што треба да ги испочитувате. Со подобра организација, полесно ќе се снајдете во хаосот што го наметнува динамичниот начин на работа.

Најтешките задачи како приоритети

Оние задачи и активности што бараат поголема концентрација, се покомплицирани, бараат повеќе труд и енергија, извршувајте ги први штом пристигнете на работа. Сонот ви помогнал да ги разбистрите мислите и многу полесно ќе ги решавате предизвиците, а сложените задачи ќе ги решавате без многу стрес или нервоза.

Позитивен став

Позитивниот став нека ви биде навика исто како и шолја вкусно и топло кафе секое утро. Тоа ќе ви помогне да бидете исполнети со оптимизам, полесно да ги решавате конфликтните ситуации, а на проблемите ќе гледате како на можности и предизвици што носат раст и развој на долг рок.