Фото: Pixabay

Старт – ап од Данска создаде долна облека што може да се носи со недели без потреба од перење, пишува Business Insider.

Станува збор за идеја на стартапот Organic Basics, од каде велат дека нивната цел не е да поттикнуваат мрзеливост кај луѓето, туку да ја зачувуваат животната средина.

“Нашиот бизнис е одржлива мода. Традиционалниот начин на купување, носење, перење и фрлање на премногу скапа долна облека значи огромно трошење на ресурси. Тоа е исклучително штетно за животната средина“, вели Мад Фибигер, ко – основач на Organic Basics.

Посебна состојка на оваа долна облека е среброто, бидејќи овој метал е антимикробен, поради што НАСА го користи за прочистување на водата за астронаутите.

Во долната облека има вградено сребрена формула што убива 99,9% од бактериите и непријатната миризба.

Освен оваа иновативна формула, долната облека на Organic Basics е направена од 100% рециклиран материјал.