Фото: Sprout 

Sprout се одржливи, еколошки моливи направени од 100% природна глина, графит базиран на јаглерод, еколошко дрво и биоразградлива капсула што содржи семе. Идејата за Sprout започна од неколку студенти од Универзитетот MIT и резултираше со над 10 милиони продадени моливи коишто се “садат“. Нивниот иновативен производ денес е присутен во над 60 земји во светот.

Моливите ги има во класична сива верзија, но и во боја, а најновиот во низата е моливот за шминкање. Користењето е едноставно како и со секој обичен молив, а кога корисникот ќе престане да го употребува истиот завршува во саксија, каде што во период од една до четири недели расте цвеќе, зеленчук или билка.

Капсулата содржи различни семиња, па корисникот може да одбере што по користење на моливот ќе засади во својот дом, градина, канцеларија или на било кое место. За растението да успее, моливот треба да стои во коса положба, не премногу длабоко во саксијата.

Производствените погони се наоѓаат во Минесота, САД и Канада, а производот веќе го користат големи имиња како Toyota, Disney, Marriott и Coca – Cola.