Средба на КХВ со берзанската индустрија

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити заедно со четворицата Комисиoнери организираа работна средба со брокерската и со фондовска индустрија, се вели во соопштението на КХВ.

Оваа средба беше платформа за размена на ставови помеѓу КХВ како регулатор на пазарот на капитал и првите луѓе на Македонската берза АД Скопје, Центалниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, овластените банки, брокерските куќи и друштвата за управување со инвестициски фондови за тоа како Република Македонија да има стабилен, регулиран, ефикасен и високо развиен пазар на хартии од вредност, согласно релевантните ЕУ директиви.

Фокусот беше ставен на приоритетите и целите за раст и развој на македонскиот пазар за хартии од вредност, на кои заеднички во наредниот период ќе треба сите повикани субјекти да  преземаат активности и да работат на нивната имплементација.

Се дискутираше за основните фактори и пречки за унапредување и развој на примарниот и на секундарниот пазар на хартии од вредност, за мерките и активностите кои треба да бидат преземени од Комисијата за хартии од вредност на РМ за да се унапреди работењето на Друштвата за управување со инвестициски фондови  и за тоа дали одредена регулатива или нејзин дел, која е во надлежност на Комисијата претставува проблем или пречка во остварување на  полниот капацитет на предметот на работењето ДУИФ.

Беа отворени и актуелни прашања поврзани со системските предизвици, со престојната нова законска регулатива и супервизијата на пазарот на капитал, како и прашања кои произлегуваат од  натамошните чекори во однос на процесот на европската интеграција на Република  Македонија.

Категории | Македонија | Новости | Сервисни      Тагови:

Можеби ќе ве интересира и...

Патиштата имаат свои приказни. За среќен крај, да ја подобриме безбедноста на патиштата

Патиштата имаат свои приказни. За среќен крај, да ја подобриме безбедноста на патиштата

Според податоците на СЗО, годишно, во сообраќајни незгоди животот го губат околу 1,3 милиони луѓе, што претставува 2,2% од глобалната смртност.

Нето платата во септември беше 24.355 денари

Нето платата во септември беше 24.355 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември оваа година, изнесува 24.355 денари, додека во бруто износ е 35.794 денари.

Горе