Фото: Vollebak

Високотехнолошката компанија Vollebak произведе јакна од графин- материјал којшто е ултра-лесен, ултра-силен, супер-проводен. Според информациите на страната на производителот јакната е премачкана со слој од овој наноматеријал.

Исто така компанијата со седиште во Лондон има отворено и јавен повик за сите кои сакаат да ја купат јакната и со тоа да се запишаат за следната експериментална фаза на историјата на графинот.

Графинот е најневеројатниот материјал, потполно невидив и тенок колку еден атом. Само 10 слоја од него се понепропустливи од челикот. Тој е толку еластичен и силен што ако од влакната се направи пајакова мрежа, таа е доволно моќна да фати авион во пад.

Исто така, графинот спроведува топлина и струја подобро од било кој материјал на земјата, а за откривањето на истиот британските научници Геим и Новоселов ја добија и Нобеловата награда за физика. Овој материјал е толку супериорен, што се очекува да го промени животот на земјата како што направија пронаоѓањето на бронзата и железото.