Фото: Kickstarter

Stelatho wheel се тркалца за канцелариски столови кои не го уништуваат подот и се поиздржливи од стандардните пластични тркалца.

Овие тркалца исто така светат во мрак, не собираат прашина и се погодни за сите типови на подови. Многу се лесни за прикачување на столот, а исто така имаат и механизам за закочување, доколку на корисникот му е потребно столот да биде фиксиран.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Киев, Украина и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 102.313 долари од потребните 15.000 долари, а кампањата трае уште 10 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.