Стопанска банка а.д. Битола ги отвори вратите на својот нов Деловен центар во Скопје кој се наоѓа на ул.Скупи 3 а.

Деловниот центар во Скопје заедно со Централа на Банката во Битола се двете седишта во кои Стопанска банка а.д. Битола активно работи, се вели во соопштението.

Покрај Деловниот центар на Банката, се работи и на целосно ребрендирање на нејзините експозитури и банкомати.

Ребрендирањето на сите банкомати низ целата држава е веќе завршено и истите имаат добиено нов, освежен и унифициран изглед, додека, процесот на реновирање на сите 19 експозитури низ цела Македонија е започнат, а предвидено е да заврши до крајот на оваа година.