Фото: Facebook

Стопанска Банка АД Скопје го најави четвртото издание на познатата ревијална трка Вози право, вози здраво, со цел подигање на свеста кај граѓаните за користење алтернативни форми за транспорт.

Трката ќе се одржи на улиците на Скопје, а стартот е закажан на 3 јуни во 11 часот пред Порта Македонија.

И оваа година, со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства.

Повеќе детали и информации за трката че најдете на следниов линк.