Како одговор на зголемената побарувачка за станбени и потрошувачки кредити, кои од почетокот на годината во Стопанска банка се достапни со вклучено осигурување, банката ја објавува промотивната понуда за овие две категории производи.

Првата се однесува на потрошувачки кредит со 100% попуст на административните трошоци и гарантирана каматна стапка  од 6% за првите две години. Понудата е валидна до 10.07.2019 година. Втората понуда се однесува на станбен кредит со вклучено животно осигурување со 100% попуст на нотарски, административни и трошоци за проценка и гарантирани каматни стапки за првите пет години (3,40% за првите три и 3,70% за следните две години). Понудата е валидна до 10.06.2019 година.

Аплицирање за овие кредитни производи е достапно 24/7 на alokredit.mk, на (02)15110 или вомрежата на филијали во земјата.