plantaza-so-jabolki-pixabay

Фото: Pixabay

Студенти од Факултетот за информатичка технологија во Мостар развија систем преку којшто може да се следи ефикасноста на луѓето кои се ангажирани на плантажи за берење овошје и зеленчук. Овој систем META 5, зад којшто стојат: Фарис Сеферагиќ, Анес Мехагиќ, Алем Татаревиќ и Мирсад Халилчевиќ, може да се користи насекаде во светот, пишува Klix.ba.

“Пред да почнат со работа, секој од берачите добива уникатен бар код што во себе ги содржи потребните информации. Во текот на бербата, берачот на својата гајба го лепи баркодот. Потоа, во хангарот пристигнуваат означените гајби што се обработуваат. Во текот на обработката, гајбата се скенира без да се знае чија е. Во тоа скенирање, сите информации се испраќаат на уред што е поставен во хангарот, а којшто претходно го инсталиравме“, објаснуваат мостарските студенти.

Исто така, работниците кои ќе ја инсталираат апликацијата многу едноставно ќе може да ја следат сопствената ефикасност и заработената плата.

Целта на системот е во тоа што работниците ќе бидат платени според тоа колку сработиле, а не по саатница. Сопствениците на плантажи преку овој систем ќе ја следат ефикасноста на нивните работници.