Фото:Roza Janusz

Полската студентка по дизајн Роза Јануш го создаде Scoby,еколошка алтернатива на пластично пакување којашто се добива со слични методи кои се користат за да се создаде габата комбуха, пишува Inhabitat.

Органската мембрана којашто е создадена од ферментирана бактерија и јачмен може да складира различен вид на лесна храна како како семки, јаткасти плодови или салати. Еколошкото пакување е целосно био разградливо и може да се изеде после употреба.

Scoby кое е развиено како дел од студентски проект за индустриски дизајн на Школата во Познан има улога да им помогне на фармерите да произведуваат еколошки пакувања. Со користење на бактерија и јачмен како основа за комбуха Јануш потоа ја користи течноста да ја “расте“биолошки разградливата мембрана во плиток контејнер. По две недели со додавање на шеќери и друг земјоделски отпад со цел да се ферментира материјалот, на површината се формира мембрана.

Лесниот и проѕирен материјал лесно се разградува и добива различна форма. Во него можат да се чува различна храна без да се расипе.Благодарение на ниската PH вредност на пакувањето, Scoby е долготраен производ. Неговото времетраење може да се продолжи доколку се користи да складира производи од типот на јаткасти плодови.

Материјалот исто така може да ги апсорбира вкусовите на храната којашто ја содржи во моментот. Роза Јануш во блиска иднина планира да ги истражи комерцијалните можности на Scoby, а неодамна го  пријави нејзиниот дизајн за наградата на Golden Pin Concept Design за 2018 година