Оптичките илузии не се несвојствени за архитектурата, но ова интересно студио диајнирано од архитектонското студио на Мет Тиченер од Австралија, навистина лебди над пејсажот.

Како што пишува Inhabitat, ова студио е конзолирано на рид, со помош на вградени потпори и е целосно напојувано од соларни панели лоцирани на неговиот покрив. Студиото се наоѓа во Северна Авока, идилична крајбрежна населба во Австралија, големо е 546 квадратни метри и првично е дизајнирано да биде и канцелариски и забавен простор за семејството кое првенствено работи од дома.

Предизвикувачкиот пејсаж барал и посебен структурен дизајн, поради екстремно стрмниот терен и ограничениот простор за градба, па така градежниот тим морал да вгради 20 столбови во темел за да создаде конзолен дизајн. Исто така, поради сложеноста на локацијата, градежните материјали за проектот морале да се изведат парче по парче.

Екстериерот е модерен и елегантен, обложен во темни брановидни Spandek панели, а монолитната конструкција е прекината само на една страна каде што има целосно застаклен ѕид, обезбедувајќи многу природна светлина и прекрасни океански погледи.

Покривот на студиото е покриен со соларни панели, кои обезбедуваат 100% од својата енергија, а исто така е опремен и со систем за собирање дождови што се користи за наводнување на градината засадена под конструкцијата.

Фото: Matt Thitchener Architect