Фото: Facebook

Tengai е робот што е дизајниран да спроведува објективни интервјуа за работа, а први почнаа да го тестираат работодавачи од Шведска, пишува BBC.

Овој робот, висок 41 сантиметар, тежи 3,5 килограми, се позиционира на ниво на очите на кандидатот за работа, што треба да седне спроти него.

Tengai трепка со очите, се насмевнува и го поставува првото прашање: Дали некогаш сте биле интервјуирани за работа од страна на робот?

Зад овој робот стои компанијата Furhat Robotics, што произлегува од истражувачки проект на Кралскиот институт за технологија во Келн.