Фото: Kickstarter

Tennibot е паметен робот којшто самостојно ги собира тениските топчиња од теренот со помош на вградена камера за нивно детектирање. Исто така корисникот може да го контролира роботот и преку својот мобилен телефон.

Tennibot ги лоцира топчињата на теренот, ги собира и потоа ги сместува во “кошница“ чијшто капацитет е 80 парчиња. Ако корисниците не сакаат роботот да им смета додека тренираат, можат преку апликација за iOS и Android да му наредат каде точно смее да се движи.

Неговата батерија се полни 90 минути, а трае 4-5 часа. Тежи 11 килограми и се движи со брзина од 2,3 километри на час.

Производот е дело на старт-ап од Бостон, Масачусетс и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 39.231 долари од потребните 35.000 долари, а кампањата трае уште 44 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јануари 2019 година.