Фото: Facebook

ThinkFit е хрватски бренд што им помага на луѓето да ја остварат својата цел, благодарение на персонализирана исхрана, пишува Вечерњи лист.

“Она што оваа услуга ја прави иновативна е тоа што сите оброци се прилагодени на крајниот корисник и тоа што се доставуваат секое утро во торбичка којашто е лесно пренослива и термички ги задржува сите својства“, вели Владимир Пувача, основач на овој старт – ап.

Тој ги анализиран животните трендови и навики и дошол до заклучок дека потребите за здрава храна стануваат сè поголеми. Здравата исхрана, според него, може да биде скапа, но и нејзината подготовка бара многу време. Од таа причина, Пувача го осмисли FitFoods – интернет продавница наменета за лица кои тренираат, а им овозможува брза и квалитетна услуга. По извесно време, FitFoods го менува своето име во ThinkFit.

Услугата, како што се наведува, ја даваат нутриционисти кои врз база на анализа и податоци го составуваат менито. Потоа, специјализиран готвач ја подготвува храната и и се доставува на адресата на купувачите.