Винарската визба Тиквеш во текот на деветте месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во износ од 43.409.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата оствари добивка од 27.563.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2018 година, достигнаа ниво од 1.215.745.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 591.013.000 денари, додека поголемиот дел од 624.732.000 денари е остварен на странски пазар.