Фото: Pexels

Во бизнисот е многу важно со кои луѓе ќе соработувате. Но, уште поважно е каква личност ќе бидете вие самите.

Еве какви не треба да бидете.

Луѓе кои не почитуваат рокови и се непрофесионални

Сите ние имаме приоритети. Ако не можете да завршите некоја работа од приватни причини, најверојатно колегите и вашиот шеф ќе имаат разбирање. Но, сигурно нема да ве чекаат долго време за да го сработите тоа што треба. Исто така не е пристојно да не се јавите и да не пратите никакво известување на работа. Роковите и почитувањето се навистина важна работа, па потрудете се да покажете барем минимум професионалност.

Оние кои забиваат “нож во грб”

Доколку преземате туѓи заслуги, доколку озборувате или не возвраќате на услуги кои ви ги направиле колегите, можеби се во право што ве оставиле на цедило во одредени ситуации. Никој не сака соработка со лицемерни и егоистични луѓе.

Сезнајковци

Убаво е да се биде горд на своите постигнувања, но се` има свои граници. Во ред е бизнисот и своите идеи да ги презентирате како нешто супер, најдобро и најкреативно, но важно е да не заборавите да напоменете дека зад вас стои тим, дека не сте сами заслужни за се`. Многу луѓе се чувствуваат подобро ако го истакнуваат своето образованите и престижните училишта кои ги завршиле и тоа е во ред, но во нормални граници.