Фото: Kickstarter

Touchland е сапун за антибактериско миење на рацете што ја хидрира кожата и и дава свежина.

Едно пакување трае 20 пати подолго од обичните гелови за раце, односно до 500 прскања, а моментално има 5 различни миризби: лубеница, алое вера, ванила и цимет, цитрон и гел без миризба.

Поради своето мало пакување, го собира во џеб и е погоден за патување, а според спроведените истражувања, уништува дури 99.99% од штетните бактерии.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Мајами, Флорида и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 8.315 долари од потребните 15.000 долари, а кампањата трае уште 39 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.