Фото:Pixabay

Продажбата на автомобили во Европа во април годинава е зголемена за 9,6%. Најмногу се продале автомобили од брендот Toyota, Hyundai и Ford, јавува Reuters.

Регистрациите во земјите членки на ЕУ и Европската слободна трговска зона во април, се зголемиле на 1.349 милиони автомобили, наспроти 1.232 милиони автомобили истиот период лани.

Ваквиот пораст се должи, пред се, на зголемувањето на бројот на работни денови во април годинава, во однос на април 2017, пособено тајмингот на Велигденските празници.

Toyota и Hyndai објавија зголемување на продажбата за 20,3%, односно 15,3% додека продажбата на Ford порасна за 14%, а на Volkswagen Group  за 13,1%. Француските брендови Renault и  Peugeot напредуваа за 10%, односно 15,3%, а единствено Fiat Chrysler го загуби теренот, достигнувајќи продажба од скромни 2,3%, пред се, поради падот на главниот бренд Fiat од 4,5%.