Фото: Pixabay

Производителот на автомобили, Toyota заедно со јапонската вселенска агенција ќе создаде возило коешто ќе биде наменето за движење по Месечината. Таканаречениот лунарен ровер, којшто ќе биде управуван од вселенски екипаж, пишува Reuters.

Според јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA), возилото ќе биде од голема корист за интернационални вселенски програми во иднината.

“Роверот ќе обезбеди значајна поддршка во истражувањето на Месечината, коешто планираме да се случи во 2030-та година. Според плановите, возилото треба да биде лансирано во вселената во 2029 година”, вели потпретседателот на JAXA, Коичи Ватака.

Роверот, според илустрациите, ќе има шест тркала и ќе наликува на оклопно превозно средство.

Проектот ќе биде шанса за компанијата да ги тестираа своите технологии на суровите услови на Месечината и истите да ги подобри.