Фото: Kickstarter

Tropic се водоотпорни, антибактериски патики, направени од 3D материјали што се прилагодуваат на ногата и ја оставаат да “дише“.

Во овие патики може да се минува преку реки, односно може целосно да се потопат во вода, а стапалото да остане суво. Времето на сушење е исто така побрзо од она на стандардните патики.

Патиките моментално се достапни во 4 бои, светло сива, темно сива, небесно сина и црна.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Барселона, Шпанија и досега има собрано 1.071.285 долари, од потребните 14.753, а кампањата трае уште 27 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.