Царинската управа вчера, (16 мај 2018), потпиша Меморандум за соработка со друштвото ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје како член на групацијата British American Tobacco.

Со овој Меморандум се уредува постапката помеѓу и надлежностите на договорните страни со цел борба против сузбивање на криумчарењето и нелегалната трговија со тутунски производи и заштита од повреда на правата за интелектуална сопственост, односно спречување на фалсификување на цигари и други тутунски производи од трговските марки чии носители на правата се друштвата членови на групацијата British American Tobacco.

Имајќи ја во предвид и безбедносната функција на Царинската управа, меѓу другото, двете страни потписнички се договорија и заеднички да спроведуваат медиумски кампањи наменети за подигнување на јавната свест за нелегалната трговија со цигари и други тутунски производи, како и нивното влијание врз економијата, врз правниот систем и врз општеството во целина.