Фото: Pixabay

Цените на куќите во земјите во еврозоната се зголемиле за 4,2%, а на куќите во земјите во Европска унија поскапеле за 4,5%, објави Eurostat. Цените се однесуваат за четвртиот квартал од 2017 година споредено со истиот квартал од претходната година.

Во споредба со третиот квартал од 2017 година, цените на куќите се зголемиле за 0,9% во еврозоната и за 0,7% во ЕУ во четвртиот квартал од 2017 година.

Меѓу земјите-членки за коишто се достапни податоците, највисокиот годишен пораст на цените на куќите се регистрирани во Ирска (+ 11,8%), Португалија (+ 10,5%) и Словенија (+ 10,0%), додека цените паднале во Италија (-0,3%).

Во споредба со претходниот квартал, највисоките зголемувања се забележани во Словенија (+ 3,7%), Хрватска (+ 3,2%) и Кипар (+ 2,7%), додека намалувања има во Шведска (-2,8%), Данска (-1,7%), Белгија (-0,4%) и Финска (-0,3%).