ТТК Банка го продлжи рокот до 31 јули за одобрување без надоместок на Супер станбениот кредит, стои во соопштението од банката.

Овој кредит нуди фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години, грејс период до 12 месеци и 10% сопствено учество. Покрај одобрувањето без надоместок, не се плаќа ни обработката на барање, а нема надоместок и за предвремена отплата од сопствени средства.