ТТК Банка АД Скопје ги намали провизиите за девизни плаќања за физички и правни лица во промотивен период со важност до 31.12.2018 година, се вели во соопштението на банката. Понудата овозможува брза и сигурна реализација на плаќањата во странство или на девизните приливи со најниски провизии и намалување на трошоците во девизниот платен промет.

За девизните плаќања на правни лица – ностро дознаки, без разлика на износот, провизијата изнесува 0,15% односно мин. 500,00 денари. Трошоците – OUR изнесуваат 900,00 денари, додека  SWIFT трошоците 300 денари. За обработка на приливите од странство, лоро дознаки од правно лице, провизијата изнесува 0,08% односно мин. 500,00 денари.

Девизниот прилив за физички лица, доколку е одлежан во Банката 5 дена, се исплатува без провизија. Во спротивно, провизијата за исплата на прилив до 6.000,00 денари (во денарска противвредност) изнесува 100,00 денари, односно за износи над 6.000,00 денари изнесува 0,30% односно минимум 150,00 денари.

За девизните плаќања – ностро дознаки на физички лица до 9.000,00 денари (во денарска противвредност) Банката наплатува вкупно 850,00 денари. За плаќањата на износ над 9.000,00 денари се наплатува провизија од 0,15% односно минимум 350,00 денари. Трошоците –  OUR изнесуваат 900,00 денари, додека  SWIFT трошоците 300,00 денари.

Услугата е достапна во сите експозитури/филијали на Банката.

Воедно ТТК банка изврши и измени на Тарифата за надоместоци на услуги во областа на денарскиот и девизниот платен промет за физички и правни лица. Измените ќе се применуваат со важност од денес, 10.8.2018 година.

Подетални информации на следниов линк.