Фото: Kickstarter

TubKeeper е производ дизајниран да ги задржи влакната и малите предмети, за да се спречи затнување на одводот и е компатибилен со повеќето системи.

Исто така овој производ е дизајниран да го заштити корисникот од изгореници, па кога е температурата ќе достигне 37,8 степени бојата се менува од сина во розова.

Производот е дело на старт-ап со седиште Хонг-Конг и има своја кампања на платформата Kickstarter .Досега има собрано 10.833 долари од потребните 5.097 долари, а кампањата трае уште 6 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.