tucker

За македонскиот бренд којшто изработува уникатни и квалитетни машки одела, Signori, луксузноста е во деталите. Благодарение на вниманието што го имаат за потребите на своите клиенти во процесот на консултација деталите ги водеа Signori до новиот и иновативен моден елемент Tucker Shirt-Stay.

Основачите не Signori, Крис Поповски и Ненад Пантовиќ, многу добро знаат дека изгледот е клучен. Тие во својата потрага за соодветни решенија за стил, удобност и функционалност не беа успешни па затоа си создадоа сопствено решение.

Новиот пристап ги поттикна Signori на непредвидлив начин да решат еден значаен машки моден предизвик. Tucker Shirt-Stay моментално е еден од наједноставните и најудобните модни елементи за задржување на кошулата во панталоните, без нејзино растегнување при движењата во текот на денот. Овој производ на уникатен начин користи еластична тензија за впечатлив имиџ. Tucker Shirt-Stay е удобен и прикриен. Со гумените држачи и слотот за копчиња гарантира дека кошулата ќе остане уредна, држејќи ја ниско и блиску до телото без непријатен изглед и чувство.

Tucker може да се користи за кошули, поло маици, обични маици и блузи. Дизајнот е прилагодлив за мажи и за жени кои го бараат најдоброто за својот изглед.

После една година на тестирање и експериментирање со различни дизајни, ткаенини, и решенија тие сега се подготвени да го споделат своето откритие со светот. Во рамки на тоа, од вторник, 03.04.2018, на платформата за групно финансирање, Kickstarter, и на официјалните профили на социјалните медиуми на Signori ќе може да се поддржи лансирањето на овој иновативен македонски бренд.